logo
logo
logo

Излегуваат од својата најголема инвестиција во Русија - преговараат за трансфер на уделот

Vecer | 04.08.2022

Излегуваат од својата најголема инвестиција во Русија - преговараат за трансфер на уделот

Американскиот производител на нафта „Ексон мобиле“ е во процес на пренесување на „другата страна“ својот удел од 30 отсто во рускиот нафтен проект Сахалин-1.

Информацијата доаѓа од поднесoкот на компанијата до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), пренесува Reuters.

Exxon не ја именуваше другата страна во поднесокот.

Оваа компанија се приклучи на комплексот за нафта и гас Сахалин-1 на рускиот Далечен Исток само во 2021 година, кој произведува 220.000 барели нафта и гас дневно.

Стотици компании за енергија и производи за широка потрошувачка, вклучително Бритиш Петролеум, Еквинор, ПепсиКо, Шел, Старбакс и други, ја напуштија Русија или префрлија имот на друго место по нападот на Москва на 24 февруари врз Украина.

„Ексон“ отпиша имот од 4,6 милијарди долари претходно оваа година за да излезе од својата најголема инвестиција во Русија.

Висок руски пратеник на почетокот на јули изјави дека Москва ќе ја преземе контролата врз проектот за нафта и гас „Сахалин-1“, во кој покрај „Ексон Мобајл“ се вклучени и јапонската „СОДЕКО“, индиската „ОНГЦ Видеш“ и рускиот енергетски гигант „Роснефт“.

Производството на Сахалин-1 падна на само 10.000 барели дневно по воведувањето на западните санкции за трговијата со Русија.

Ексон одби да каже која компанија или компании ќе ги преземат нејзините руски средства, а портпаролот Кејси Нортон рече само дека разговорите за напуштање на Сахалин-1 се напреднати.

„Како оператор на Сахалин-1, имаме обврска да ја обезбедиме безбедноста на луѓето, заштитата на животната средина и деловниот интегритет“, додаде тој.

Пренесувајќи го, на пример, имотот на Роснефт, Ексон би го следел примерот на некои други кои веќе тргнале на тој начин, наведува Ројтерс и потсетува дека француската Total Energy го префрлила својот удел во руското нафтено поле Харјага на рускиот државен производител Зарубезњефт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk