Италија подготвува удар на ЕУ: Вето или...

Италијанската економија губи седум милиони дневно поради санкции на Русија

Италијанската влада се надева ќе ги убеди членките на ЕУ да ги укинат санкциите на Русија, но не е исклучена можноста употреба на вето ако дипломатијата не успее, пребнесува АП.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини рекол дека Италија планира да употреби "добри манири, умешност на дипломатијата, бројки и докази" да ги разубеди другите земји на ЕУ дека санкциите на Унијата против Русија и нанесуваат штета на Европа во целина.

ЕУ минатата недела ги продолжила санкциите на Русија за уште шест месеци.

Салвини рекол дека ставање вето и ново продолжување на санкциите "не ја плаши" Италија.

"Не исклучувам ништо", рекол тој.

Италија се заложува за попуштање на европските санкции против Русија кои и наштетиле на италијанската економија, бидејќи се намалени приходите од туризмот и извозот.

Салвини рекол дека италијанската економија губи седум милиони дневно поради тие санкции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари