Исповед на бизнисмен: Министер ми ја зeма компанијата на сила (ВИДЕО)

Министер од Владата, со неколку членови од неговото семејство, наводно со оружје му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство.

Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21.
Бизнисменот во емисијата на ТВ 21 се појави со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство добиле закани по живот, од три лица.

Оваа изјава на министерот Аднан Ќахил, ги поттикна лицата кои тој ги спомна, да дојдат во ТВ21 и да се исповедаат за упатените јавни обвинувања на министерот.

Ервин Сејфула тврди дека е жртва на министерот Ќахил и обвинувањата на министерот дека Ервин му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели се лага.

Целата сторија можете да ја прочитате на ТВ21.

Поврзани

Најнови вести

Коментари