Исполнети условите за раскинување на договорот со „Казандол“

Исполнети условите за раскинување на договорот со „Казандол“, заклучи Владата на вчерашната седница каде ја разгледа и усвои Информација за степен на изграденост на рударскиот комплекс „Казандол“.

„Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „ Казандол “, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран, и за одземање на Дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на 20.7.2015 година“, соопшти Владата по седницата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари