logo
logo
logo

Инспекторатот за животна средина вработува нови инспектори

Vecer | 22.02.2021

Инспекторатот за животна средина вработува нови инспектори


Државниот инспекторат за животна средина го достави планот за вработување за 2021 година и очекува позитивен одговор, откако Владата донесе одлука Министерството за финансии со највисок приоритет да одобри вработувања на нови инспектори.

„Побарано е одобрување да се вработат девет инспектори за животна средина, двајца водостопански инспектори и еден инспектор за заштита на природата, односно би се вработиле вкупно 12 инспектори, со што би се покриле сите региони, вклучително и тие кои до сега немаа на располагање ниту еден инспектор“, соопштија од ДИЖЗС.

Планот за вработување треба да се одобри од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk