logo
logo
logo

Инфлацијата во САД руши рекорди, највисока од 1991 година

Vecer | 14.10.2021

Инфлацијата во САД руши рекорди, највисока од 1991 година

Инфлацијата во САД се зголеми за 0,4 проценти на месечно ниво во септември, достигнувајќи 5,4 проценти на годишно ниво, што е највисоко ниво од јануари 1991 година.

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи поскапувањето на храната и енергијата го неутрализираа падот на цените на половните автомобили, објави американското Министерство за труд.

Аналитичарите на Доу Џонс прогнозираа месечен раст на инфлацијата од 0,3 проценти и меѓугодишен од 5,3 проценти.

Основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, се зголеми во септември за 0,2 проценти во споредба со претходниот месец, додека во однос на септември 2020 година, се зголеми за 4,0 проценти.

Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Цената на мазутот се зголеми за 3,9 проценти и е повисока за 42,6 проценти во споредба со претходната година.

Значителен раст минатиот месец е забележан и во цените на храната, при што намирниците за подготовка на оброци дома се зголемија за 1,2 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека ФЕД и другите водечки централни банки треба да подготват планови во случај инфлацијата да се покаже како поупорна од проценетата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk