logo
logo
logo

Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала врвот предупердува Лагард

Vecer | 29.11.2022

Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала врвот предупердува Лагард

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска во Европскиот парламент изјави дека не е убедена оти инфлацијата го достигнала врвот откако ги надминала највисоките регистрирани нивоа во еврозоната.

Лагард, исто така, им рече на европратениците дека ЕЦБ не завршила со зголемувањето на каматните стапки со цел да се ублажат ефектите од растот на цените.

Според неа, има преголема неизвесност за да се знае дали инфлацијата, која во октомври изнесуваше 10,6 отсто, наскоро ќе падне во 19-те земји кои го користат еврото.

„Кога ќе погледнете што ги зголемува цените, без разлика дали се работи за храна или производи за широка потрошувачка или енергија, не ги гледаме компонентите или насоката што би ме натерала да верувам дека го достигнавме врвот на инфлаторните движења и дека одиме до инфлацијата наскоро ќе се намали“, рече Лагард, пренесува АП.

Тоа, според неа, значи дека ЕЦБ „ќе продолжи да ја скротува инфлацијата со сите алатки со кои располага“, пред се преку зголемување на каматната стапка, додаде таа во обраќањето пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европската Парламентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk