logo
logo
logo

ИКТ комората на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Vecer | 07.05.2021

ИКТ комората на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес


Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да придонесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, вели Саша Огненовски од ИКТ комората на Македонија, во однос на полемиките кои се водат во јавноста околу воведување дигитализација на учебниците во образовниот процес.

Тој додава дека овој став ИКТ комората го афирмирала и промовирала во изминатите десетина години со цел овие технологии да станат дел од институционалните политики со ставање особен акцент на нивната важност за унапредување на процесот на образование. Но, како што вели, досега немало значаен и квалитен напредок на ова поле.

„ Дигитализацијата придонесува за трансформација на економијата, владеењето и на општеството преку усвојување на постојните и на новите дигитални технологии. Дигитализирање на образованието, пак, значи засилување на процесите на учење со технологија. Се предвидува дека дигитализацијата во високото образование ќе овозможи квалитетен напредок, со овозможување на образование достапно за сите, но внимателно треба да се пристапува кога се во прашање основното и средно образование. Квалитет може да се постигне единствено доколку процесот се обликува да биде прифатлив за сите засегнати страни, бидејќи воведување на овие нови процеси во образованието ангажира и дополнителни средства за сите вклучени“, изјави Огненовски.

Од ИКТ комората истакнуваат дека дигитализација на образовниот процес треба да се реализира во поинаков процес, кој ќе биде инклузивен, со вклученост на сите засегнати страни со цел креирање најдобри можни решенија кои нема да се соочат со проблеми при имплементација.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk