logo
logo
logo

ИАКО НБМ ЈА ЗГОЛЕМИ ОСНОВНАТА КАМАТА БАНКАРСКИТЕ КАМАТИ ОДАТ НАДОЛУ,- во мај стапката на кредитите била 4,28 отсто

Vecer | 30.06.2022

ИАКО НБМ ЈА ЗГОЛЕМИ ОСНОВНАТА КАМАТА БАНКАРСКИТЕ КАМАТИ ОДАТ НАДОЛУ,- во мај стапката на кредитите била 4,28 отсто

Иако Народна банка на Македонија во три наврати досега ја зголеми основната камата, доведувајќи ја до ниво од два отсто, банкарските камати на кредитите и депозитите во земјава на вкупна основа продолжуваат да одат надолу, говорат најновите статистики на Народна банка на Македонија.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,28 отсто, што значи месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени и 0,28 процентни поени соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 отсто, што е месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. и 0,18 п.п., соодветно, јавува централната банка.

Сепак, кај дел од новоодобрените кредити и новопримените депозити може да се забележи и зголемување на каматните стапки.

„Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа минимален пад од 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 3,97 отсто, додека на годишно ниво се зголеми за 0,13 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен и годишен раст од 0,11 п.п. и 0,09 п.п., соодветно и изнесува 0,76 отсто“, се вели во соопштението од НБМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk