logo
logo
logo

И Германија не е имуна на СИРОМАШТИЈАТА

Vecer | 24.11.2022

И Германија не е имуна на СИРОМАШТИЈАТА

Германците станаа значително посиромашни во децениите на 2010-тите, а серијата кризи само го забрзуваат процесот, се вели во студијата објавена во четвртокот од Институтот за економија и општествени науки.

Процентот на многу сиромашните, оние кои имаат помалку од половина од просечната плата, се зголеми во 2010-19 година за 40 отсто, велат од институтот.

„Сиромаштијата беше реалност за повеќе луѓе во 2019 година од кога било досега“, велат авторите на студијата Доротеа Шпанагел и Алин Куко.

Сиромаштијата се прошири и покрај силниот економски раст и намалувањето на невработеноста. Многу е веројатно дека пандемијата, зголемените цени на енергијата и силната инфлација во наредните години само ќе го забрзаат трендот.

Износот што му недостига на просечно домаќинство за да излезе од статистичката категорија сиромаштија скокна од 2.968 на 3.912 евра во набљудуваниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk