ДАЛИ СЕ ДОВОЛНО ХРАНЛИВИ БЕБЕШКИТЕ КАШИЧКИ

Хрватска докажа дека "Хип" на Балканот продава производи со понизок квалитет

Што се однесува за Македонија и производите што се продаваат кај нас одговорот го знаат оние кои се претставници на овој бренд во Македонија. Од нив чекаме одговор дали и кај нас се добиваат производи со послаб квалитет

Познатата германска компанија "ХИПП", која произведува бебешка и детска храна деновиве јавно објави дека во иднина на хрватскиот пазар ќе пласира бебешки кашички со иста содржина на зеленчук како и во германските продавници. Со тоа Хрватските потрошувачи извојуваат голема подеда која ќе ја почувствуваат токму најмладите генерации кои ја консумираат оваа храна.

Оваа информација доаѓаа откако Хрватската Агенција за храна која подготвила струдија на оваа тема докажала дека производите на "Хип" во Хрватска содржат помал процент зеленчук и омега-3 масни киселини.

Истражувањето беше иницирано од европарламентарката Билјана Борзан, бидејќи до неа реагираа потрошувачите од Хрватска кој ја согледаа оваа разлика. Тие укажале дека има разлика во бојата, вкусот и аромите на кашичките наменети за различни пазари.

Хрватската агенција за храна го тестирала производот по изјавата на Европската комисија дека мултинационалните компании ги измамуваат потрошувачите во Источна Европа и продаваат производи со помал квалитет од оние што доаѓаат на Западот.

Со ова детално истражување се потврдило дека големите мултинационални компании на источноевропските и балканските пазари пласираат производи со послаб квалитет во споредба со западноевропските.

- Само кај 4 од тестираните 26 производи немало разлика во квалитет и во цена. Кај 54 отсто од производите била утврдена разлика во квалитетот, додека повеќе од 60 отсто во моментот на купување биле поскапи на хрватскиот пазар-овие бројки се дел од оваа анализа.

Тестот е спроведен и во Бугарија, Унгарија, Словачка и во Словенија.

Што се однесува за Македонија и производите што се продаваат кај нас одговорот го знаат оние кои се претставници на овој бренд во Македонија. Од нив чекаме одговор дали и кај нас се добиваат производи со послаб квалитет.

Од ОПМ сметаат дека пожелно е да се направи лабораториско испитување на производи заради споредбено утврдување на квалитетот со оној што се продава во земјите од ЕУ. На нивната адреса многу често потрошувачите се жалат за слични забелешки.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ редовно се испитува безбедноста и квалитетот на производите за храна, но од аспект на проверка дали она што е запишано на декларацијата соодветствува со составот.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари