logo
logo
logo

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за грубото кршење работнички права во Штип

Vecer | 27.05.2021

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за грубото кршење работнички права во Штип


Текстилните работнички од Штип од конфекцијата Алкон-текс (конфекција Лонгуров) и денеска протестираа пред седиштето на работодавачот, барајќи заштита на своите работнички права и исплата на априлската плата. Ова е втор протест, по вчерашниот, на кој ја побараа заработената плата, како и заштита од институциите, информира Хелсиншкиот комитет. Од таму додават дека текстилните работнички и утре повторно ќе се соберат пред седиштето на работодавачот за да го изразат своето незадоволство.

Од Хелсиншкиот комитет предочуваат на неисплаќањето на платите кое како што посочуваат од таму е само едно од низата прекршувања со кои се соочуваат текстилните работнички.

Најновите истражувања покажуваат дека изминатава година, вкупно 6783 текстилни работнички и работници останале без работа, а невработеноста е со највисок пораст во Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово, каде што текстилната индустрија е најразвиена. 17.000 работници останаа без заработената плата за февруари, март и април, заради тоа што опозицијата во Собранието со недели го блокираше петтиот пакет економски мерки. Меѓу нив беа и 6000 текстилни работнички што работодовачите ги испратија на принуден одмор, поради тоа што ја чекаа државната финансиска помош, објаснуваат од Хелсиншки комитет.

Според нив, загрижувачки е и тоа што текстилните работнички честопати работат со договори за вработување на определено време од еден месец, па така, се наоѓаат во постојана неизвесност затоа што во секој момент работодавачите можат да одлучат дека веќе немаат потреба од нив. Стравувањето за губење на работното место и егзистенцијата го повредува правото на работникот на достоинствена работа, велат од таму.

„Правото на работа и на соодветна заработувачка е уставно загарантирано право на секој вработен. Исплаќањето на плата под минималната, а во случајов неисплаќањето на никаков надоместок, значи сериозен удар по егзистенцијата на работниците и нивните семејства. Уште еднаш потенцираме дека сето ова се случува во услови на тешка здравствена и економска криза, кога трошоците за исхрана и основно живеење на работниците секојдневно се зголемуваат, а плаќањето на нивните сметки за струја и за вода не се одложува ниту пак чека на нивните плати“, стои во писмената реакција.

Заради сериозните прекршувања на работничките права со кои се соочуваат текстилните работнички, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара Државниот инспекторат за труд да спроведе вонреден инспекциски надзор кај работодавачот и да утврди неправилности во примената на трудовите правила. Дополнително, Комитетот како што е напишано, ќе ги контактира и останатите надлежни институции како што се Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција, со цел да се испита дали работодавачот е корисник на државна финансиска помош и дали ги злоупотребил добиените средства.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk