Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери, дека сите оние кои користат платежна картичка, пензиите за месец октомври ќе ги имаат на сметка на 26.10.2021 година (вторник) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари 26.10.2021 г. (вторник)
  • 11.001-14.000 денари 27.10.2021 г. (среда)
  • 14.001-18.000 денари 28.10.2021 г. (четврток)
  • Над 18.001 денари 29.10.2021 г. (петок)

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на потребите на клиентите во периодот од 08:30 до 16:30 часот.