logo
logo
logo

Гугл во Русија поднесува БАРАЊЕ ЗА БАНКРОТ

Vecer | 18.05.2022

Гугл во Русија поднесува БАРАЊЕ ЗА БАНКРОТ

Руската филијала на Гугл објави дека има намера да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги исполни финансиските обврски.

Ова се наведува во материјалот објавен на веб-страницата на Рускиот обединет државен регистар на правни лица, пренесува Тас с.

„Гугл ДОО, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (банкрот)“, се вели во документот.

Се додава дека компанијата од 22 март не може да ги исполни финансиските обврски, вклучително и побарувањата за отпремнини и/или надоместоци на вработени кои работат или работеле со договори за вработување и навремена исплата на задолжителните исплати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk