logo
logo
logo

Граѓаните и фирмите повторно на удар: Владата крои нова даночна реформа за следната година

Vecer | 05.08.2022

Граѓаните и фирмите повторно на удар: Владата крои нова даночна реформа за следната година

Поголеми и повеќе даноци за фирмите и граѓаните веќе од следната година. Владата сака на грбот на населението и бизнисот да го полни испразнетиот буџет. Министерството за финансии ги почна консултациите со Стопанските комори и надлежните институции околу новите даночни реформи. Од министерството информираат дека даночната реформа ќе ги опфати данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика. Решенијата треба да придонесат кон проширување на даночната основа преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања кои постојниот даночен систем им ги овозможува на фирмите во делот на данокот на добивка, данокот на личен доход и ДДВ. „Концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход опфаќа предлог законски решенија со кои се ревидираат преференцијалните даночни третмани што ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем“ – министерство за финансии. Ќе се ревидираат даночните стимулации и ќе се стимулираат инвестиции во технологии кои поддржуваат злена транзиција и дигитална трансформација. Во делот на данокот на личен доход, повторно ќе се развива дебата околу тоа кој начин да се прифати: дали рамниот данок или прогресивното одданочување. Токму, прогресивното одданочување го донесе СДСМ на власт во 2017-та, но по експериментот кој траеше неколку месеци, се укина повисоката стапка кај персоналецот од 18%. Оставка си даде тогшниот министер за финансии Драган Тевдовски, инаку креатор на т.н. правично одданочување. Најавите беа дека прогресивните стапки ќе се вратат на голема врата во 2023-та и тоа не само за личниот доход, туку и кај некои други даноци. Во меѓувреме, прогресија се воведе кај данокот на имот, но некои општини не изгласаа повисоки стапки за становите и земјиштата. Бизнисите кои се наоѓаат во катастрофално лоша финансиска состојба поради зголемените трошоци за енергенси, суровини и репроматеријали со месеци бараат предвидливост на даночната политика, а не воведување нови и зголемени даноци од денес за утре.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk