logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично зголемување на струјата

Vecer | 27.06.2022

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично зголемување на струјата

Од наредниот месец, граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично покачување на електричната енергија. Новите сметки за електрична енергија ќе бидат повисоки за над 20%, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Со зголемувањето на струјата очекувана е зголемена инфлација која ќе удри директно по џебот на граѓаните. Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, како и големи акцизи на горивата за полнење на Буџетот за да можат функционерите на СДСМ и ДУИ да крадат и луксузираат. Недомаќинското работење со енергетските капацитети со години допринесе Македонија да е увозно зависна на електрична енергија, неместо да произведува, а со тоа и да ја регулира високата цена на струјата на светските берзи.

Тендерите во 4 очи во РЕК Битоала, негржата и без модернизација на енергетските капацитети, хавариите кои се случија изминативе 5 години, како и празнењето на вештачките акумулации се директната последица од оваа неспособна власт за покачувањето на електричната енергија, велат од партијата и уште посочуваат дека стопанство во државата е на колена, а најавеното ново покачување на струјата додатно ќе ја ослабе и така урнисаната економија во државата.

- Секој ден стотици граѓани остануваат без работа, а над 450 илјади луѓе живеат на раб на сиромаштија. Додека кризата го јаде стандародот на граѓаните, власта останува глува на барањата на работниците за зголемување на платите. Секојдневните протести во Македонија се доказ дека оваа криминална власт е без компас. Единственото решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори. Затоа што премногу е! Дното со неспособната власт на СДСМ и ДУИ одамна е пробиено, велат уште од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk