Град со најмногу милионери на светот

Азија токму поради Хонгконг и Кина забележа најголем пораст меѓу ултра богаташите. Хонгконг и официјално го надмина Њујорк по бројот на најбогати луѓе на светот.

Така забележа пораст од 31 отсто по бројот на ултра богатите жители кои се "тешки" најмалку 30 милиони долари. Нив во Хонгконг ги има 10.000, додека во Њујорк околу 9.000.

Меѓу 10-те градови со најбогатите жители на светот се и Токио, Лос Анџелес, Лондон и Париз. Њујорк своето место на најбогат град во светот го држеше од 2011 година.

Меѓу најбогатите луѓе кои живеат во Хонхконг е и Ли-Ка Шинг, чие царство „CKHUY" го контролира пристаништето, телекомуникациските мрежи и енергетските компании ширум светот.

На глобално ниво бројот на ултра богаташите се зголеми за 13 отсто во 2017 година, па сега ги има вкупно 250.000, со вредност од 31.5 билиони долари.

Повеќето од таквите богаташи имаат заработено меѓу 30 и 100 милиони долари, додека 2.700 од нив забележале приходи од милијарда долари.

На листата на најбогатите луѓе во светот 14 отсто се жени, пишува „Бизнис инсајдер".

Според проценките од минатата година еден од седум луѓе кои живеат во Хонгконг се милионери, а вкупно гледано, САД останува омилена земја за живот на најбогатите луѓе на светот и дом за речиси третина од најбогатите луѓе.

Во Хонгконг во моментов има недостаток од станови, со оглед на се поголемиот број на луѓе кои сакаат да живеат во најбогатиот град на светот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари