logo
logo
logo

Горивата поскапуваат

Vecer | 10.05.2021

Горивата поскапуваат


Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 се зголемува за 1,5 денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.

Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ се: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 68,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60 денари и Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 59,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,243 денари.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk