Германскиот суд одлучи, Фолксваген ќе плати милијарда евра казна

Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти дека германските власти го казниле со милијарда евра поради скандалот со емисијата на издувни гасови. Компанијата соопшти дека ќе ја прифати казната на судот во градот Браунсваиг.

Германските обвинители му одредиле казна на Фолксваген поради измама на тестовите за емисија на штетни гасови. Обвинителството заклучило дека компанијата не спровела правилен надзор над оделот за развој на мотори, што резултирало со продажба на повеќе од 10.7 милиони дизелаши со илегалнен софтвер за контрола на емисијата на гасови ширум светот.

Скандалот е откриен во 2015 година и Фолксваген поради тоа веќе мора да плати милијарди поради казните кои му ги одредиле американските власти. Компанијата изјавила дека се надева оти ќе ги плаќа казните во Германија и дека тоа ќе има влијание на другите службени постапки кои се водат против неа во Европа.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари