logo
logo
logo

ГЕРМАНИЈА ПРЕД НОВ БАНКРОТ: Познат производител на автомобили НЕ МОЖЕ ДА ВРАТИ ПАРИ ЗА ОДНАПРЕД ПЛАТЕНИ ВОЗИЛА   

Vecer | 21.05.2023

ГЕРМАНИЈА ПРЕД НОВ БАНКРОТ: Познат производител на автомобили НЕ МОЖЕ ДА ВРАТИ ПАРИ ЗА ОДНАПРЕД ПЛАТЕНИ ВОЗИЛА   

Германскиот производител на електрични автомобили Sono Motors официјално поднесе барање за стечај.

Илјадници клиенти не го добиле возилото за кое го платиле, а не се знае кога ќе им бидат вратени парите што ги уплатиле.

Сегашниот бран банкротства силно ги погоди трговците на мало со чевли и модна облека, а сега и германскиот производител на автомобили мораше да поднесе барање за стечај. Поради новонастанатата ситуација, според германските медиуми, илјадници клиенти залудно го чекаат својот автомобил и своите пари.

Компанијата првично беше специјализирана за производство на електрични автомобили кои се полнат преку вградени соларни ќелии. Со оваа иновативна технологија, моделот на возило „соно сион“ требаше да се истакне како лидер во однос на климатските промени на автомобилскиот пазар.

ЦЕНА 30.000 ЕВРА

Sono Motors веќе има добиено околу 44.000 пред-нарачки за планираниот автомобил.

Новиот автомобил требаше да се појави на пазарот следната година по набавна цена од 30.000 евра. Интересот за соларниот автомобил бил голем, а некои клиенти веќе плаќаа целосно или дел од цената за автомобилот пред моделот да стане официјално достапен.

Компанијата преку средства успеала да собере вкупно 44 милиони евра за производство, но потрагата за директно финансирање пропаднала, поради што проектот за соларни автомобили е ставен во мирување.

Компанијата сега сака да се фокусира на автобуси на соларна енергија или приколки за ладење или автомобили од други производители.

ИЛЈАДНИЦИ КУПУВАЧИ СЕ ПЛАШАТ ЗА СВОИТЕ ПАРИ

Парите што ги дале илјадници клиенти не и помогнаа на компанијата да оди добро финансиски.

Експертот за реструктуирање рече дека компанијата не може сама да ги поврати средствата. Многумина моментално залудно го чекаат ветениот автомобил и сега мораат да се грижат дали ќе си ги вратат парите поради неликвидност. Иако на сите клиенти им беше даден двегодишен план за отплата, Sono Motors отплати само 1,7 од околу 44 милиони евра до март.

Сепак, извршниот директор на компанијата останува оптимист за бизнисот. Компанијата сака да продолжи да ги менува работите на пазарот на возила во иднина.

Германските медиуми пишуваат дека се уште не е јасно кога потенцијалните купувачи на Sono Motors ќе го добијат посакуваниот модел на автомобил или пари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk