logo
logo
logo

Германија НИКАКО ДА НАЈДЕ ДОВОЛНО РАБОТНИЦИ - До 2030 ќе фалат 440.000

Vecer | 22.06.2022

Германија НИКАКО ДА НАЈДЕ ДОВОЛНО РАБОТНИЦИ - До 2030 ќе фалат 440.000

Недостигот од квалификувани работници во Германија и натаму расте. Посебен недостаток се чувствува во градежниот сектор, но и во образованието и здравството, објави во вторникот Институтот за германска економија (IW).

„Минатата година просечно на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни баратели на работа“, се вели во извештајот на Институтот за германска економија.

Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата.

Недостигот од работници е особено значителен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостатокот е забележлив и во образованието за овие занимања.

Јавниот сервис АРД известува дека постои загриженост дека недостатокот на квалификувани работници може да го забави политички детерминираниот процес на префрлување на обновливи извори на енергија. Многу компании не можат да ги исполнат нарачките на клиентите кои сакаат да инсталираат соларни ќелии или топлински пумпи поради недостаток на работници.

Владината Зелена партија проценува дека 440.000 работници би можеле да фалат во 2030 година во секторите кои се клучни за транзицијата кон обновливи извори на енергија.

Според извештајот на IW, недостигот од работна сила се чувствува не само во занаетчиството, туку и во образованието и здравството.

Синдикатот на вработените во образованието (GEW) проценува дека во следните пет години може да има недостиг од 200.000 во секторот за предучилишно образование и до 250.000 во училишниот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk