logo
logo
logo

Германија: МОЖЕМЕ БЕЗ РУСКИ ГАС

Vecer | 31.03.2023

Германија: МОЖЕМЕ БЕЗ РУСКИ ГАС

Германија претстојната зима може да ја дочека со полни складишта за гас и без увоз од Русија. Ова го оцени претседателот на Федералната агенција за мрежни системи (БНА), Клаус Милер, пренесува DPA.

„Излегуваме од зимата со релативно полни резервоари и тоа ни олеснува да го надополнуваме складиштето во текот на летото дури и без руски гас“, рече Милер пред годишниот преглед на залихите на 31 март.

Складиштата ги апсорбираат флуктуациите во потрошувачката на гас, како еден вид тампон зона на пазарот. Магацините беа исполнети до крај на 14 ноември.

Сега, според последните податоци, тие се на околу две третини, и покрај овогодинешниот страв дека претстои сериозна криза поради руското вртење на славината за гасоводот на крајот на август.

„Треба повторно да имаме полни складишта пред следната зима“, рече Милер. „Ако зимата е значително постудена, ќе ни треба значително повеќе гас.

Минатогодишното полнење на складиштата Милер го оцени како „голем успех“. „Полни магацини, благи температури и заштеда ни помогнаа добро да ја поминеме зимата.

Иако цени дека Германија секако може да се подготви, Милер повикува на претпазливост: „Добрата подготовка сепак значи заштеда на гас“.

Во меѓувреме, Германија го зголеми увозот од други извори и забрзано развива терминали за прием на течен природен гас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk