logo
logo
logo

Германија ќе национализира уште еден увозник на гас

Vecer | 22.09.2022

Германија ќе национализира уште еден увозник на гас

Германската влада ќе ја национализира компанијата за увоз на гас Сефе.

Поранешниот „Газпром Германија“ ќе биде национализиран за да се заштити од банкрот, објави денеска „Шпигел“, не наведувајќи ги своите извори.

Портпаролот на Министерството за економија рече дека разговорите за иднината на Сефе се во тек, а компанијата не е веднаш достапна за коментар, објави Ројтерс.

Таа одлука, доколку се спроведе, доаѓа откако владата вчера се согласи да го национализира Унипер, најголемиот увозник на руски гас, бидејќи се обидува да ја запре енергетската криза во најголемата европска економија, наведува британската агенција.

Поранешниот Гаспром Германија е под управа на сојузната држава од април, со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас во Германија.

Со средства и подружници во Германија, Велика Британија, Швајцарија, Белгија, Чешка и надвор од Европа, активностите на компанијата се од суштинско значење за европскиот пазар на гас и снабдување на индустријата и домаќинствата.

Експертите веруваат дека национализацијата е веројатна, но велат дека може да потрае неколку недели.

Фото: деспоситос

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk