Германците „И ФРЛИЈА ОКО“ на швајцарската банка

Најголемата германска банка Дојче банк размислува за купување на дел од имотот на швајцарската банка Креди свис, која се соочува со пад на вредноста на акциите.
Забележано е дека Дојче банк ја следи ситуацијата со Креди свис и разговара кои аспекти на банката може да бидат интересни за стекнување, вклучувајќи ја и можноста за нејзино купување од најголемата швајцарска банка, УБС.
Според извори, Дојче банк моментално води само внатрешни дискусии и се уште нема дадено никакви предлози, пренесува Блумберг.
Швајцарскиот банкарски гигант UBS е во преговори за преземање на целата или дел од банката Креди свис, бидејќи финансиската линија за нејзино спасување не успеа да ја врати довербата на инвеститорите, објави Financial Times.