logo
logo
logo

Г7 Самит: Ветени пари за борба против кризата со храна

Vecer | 28.06.2022

Г7 Самит: Ветени пари за борба против кризата со храна

Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД имаат намера да издадат декларација во која ќе се сумира целиот напредок постигнат на самитот во замокот Елмау, а германскиот канцелар Олаф Шолц, овогодинешниот домаќин на самитот, ќе одржи прес-конференција.

Војната во Украина, која сега е во својот петти месец, го спречува житото да ги напушта пристаништата и ги зголемува светските цени на храната, а експертите предупредуваат на потенцијален глад во делови од Африка. Москва ги обвинува западните санкции за кризата со храната.

Лидерите на земјите-членки на Г7 покажаа единство среде руската инвазија на Украина и постигнаа напредок во некои прашања, вклучително и намалување на зависноста од руската енергија, казнени мерки за Русија и поддршка на украинската страна во конфликтот.

Сите лидери на Г7, освен јапонскиот премиер Фуми Кишиде, по самитот ќе отпатуваат во Мадрид за да присуствуваат на состанокот на НАТО, кој ќе биде клучен за зајакнување на одбранбената политика по инвазијата на Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk