logo
logo
logo

Форд ПОВЛЕКУВА 382.000 возила

Vecer | 28.01.2023

Форд ПОВЛЕКУВА 382.000 возила

Американскиот производител на автомобили „Форд“ објави дека повлекува 382.000 возила во САД поради грешка на дисплејот на задната камера.

„Форд“ наведе дека повлекувањето опфаќа одредени модели на автомобили произведени во периодот од 2020 до оваа година, како што се „Експлорер“, „Линколн Авијатор“, како и „Линколн корсер“ од 2020 до 2022 година опремени со камери од 360 степени.

Американскиот производител на автомобили соопшти дека има извештаи за 17 помали несреќи поврзани со грешки на екранот на задната камера на возилото, пренесува Ројтерс.

Се вели дека продавачите го ажурираат софтверот на модулот за обработка на сликата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk