Фински компании заинтересирани за соработка со македонски компании

Министерот за економија Крешник Бектеши се сретна со нерезидентниот амбасадор на Финска, Питер Иконен, со кого разговараа за соработката и добрите односи меѓу двете земји, како и мерките што треба да се преземат во наредниот период, со цел да се интензивира соработката во сите области од взаемен интерес, соопшти Министерството за економија.

„Амбасадорот Иконен во оваа прилика го информираше министерот Бектеши за интересот на многу фински компании да соработуваат со компании од Македонија, со посебен акцент на минералните ресурси, каде што околу 50 луѓе се индиректно ангажирани благодарејќи на професионалната и висока технологија што ја имаат. Министерот Бекеши беше информиран и за најавениот економски форум кој ќе се одржи на 04 октомври под покровителство на Амбасадата на Финска и Стопанската комора на Македонија“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари