„Ферари“ е најпрофитабилен автомобилски бренд

„Ферари“ е најпрофитабилен бренд во автомобилската индустрија, а најголем губитник е „Бентли“.

„Ферари“ во првите шест месеци од годинава по секој продаден примерок од престижните автомобили имал чиста заработка од 69,9 илјарди евра. „Порше“ со заработка од 17 илјади евра по секое возило е двојно попрофитабилен од „Мерцедес“, „Ауди“ и „Бе-ем-ве“, кои заработуваат по девет илјади евра.

„Масерати“ и „Волво“ заработуваат по околу пет илјади евра од секој продаден автомобил.

„Јагуар ленд ровер“ од секој продаден автомобил заработува само 800 евра. Но и тоа е далеку повеќе ако се спореди со „Бентли“, кој од секој продаден авомобил губи 17 илјади евра.

„Тесла“ се наоѓа во малку подобра состојба, губи по 11 илјади евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари