logo
logo
logo

Еуроникел - Не се гасиме, влегуваме во плански ремонт, сите вработени се на работа

Vecer | 01.07.2022

Еуроникел - Не се гасиме, влегуваме во плански ремонт, сите вработени се на работа

Сакаме да ги демантираме информациите за затворање на Еуроникел индустри, велат од компанијата.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека се лажни информациите за затворање на Еуроникел инндустри. Напротив, компанијата влегува во плански ремонт во периодот што следи со цел да се надмине временската рамка на диспаритет меѓу цената на електрична енергија која е огромна, и цената на никелот која е во надолна линија. Сите вработени се на работа, ниту некој останува без работа, ниту пак фабриката се продава, додаваат тие.

Според нив дезинформациите имаат намера само да наштетат на фабриката, вработените, а со тоа и на домашната економија во која Еуроникел има огромен удел

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk