logo
logo
logo

Фејсбук и Инстаграм „КУБАТ КОСИ“ поради одлуката на ЕУ

Vecer | 07.12.2022

Фејсбук и Инстаграм „КУБАТ КОСИ“ поради одлуката на ЕУ

Мета веќе се бореше со пад на приходите од реклами оваа година, а одлуката на регулаторот за приватност на Европската унија се заканува дополнително да го намали профитот од рекламирањето на компанијата следната година и сериозно да го загрози нејзиниот бизнис модел.

Како што објави Ројтерс, лице запознаено со ова прашање рече дека Европскиот одбор за заштита на податоци во понеделникот одлучил дека Мета не може да продолжи да таргетира реклами врз основа на онлајн активностите на сопствените корисници, како што се  Инстаграм рилс што ги гледаат или профилите на Фејсбук на кои кликнале , и дека за тоа ќе биде потребна изречна согласност од корисникот.

Доколку ја прекрши оваа одлука, под услов да биде потврдена, Мета би можел да се соочи со „големи казни“, пренесе Ројтерс.

Одлуката сè уште не е објавена и нема да биде конечна додека ирската комисија за заштита на податоците (DPC) не ја објави. Ова може да потрае еден месец, а Мета во секое време може да поднесе жалба на секоја донесена одлука.

Мета рече дека не може да коментира за какви било планови за жалба додека ДПЦ не ја објави својата одлука.

Регистрирањето на сметка на Facebook или Instagram бара од корисниците да се согласат за дигитално следење на социјалните мрежи за рекламни цели. Ако не се согласувате со ова, не можете да имате профил. Суштината на одлуката на европските регулатори е дека овој тип на присилна согласност ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR).

Одлуката на европските регулатори нема да влијае само на Мета, туку и на сите компании кои прикажуваат насочени реклами на корисниците и кои функционираат на ист начин како Мета, почнувајќи од Google и TikTok до помалите играчи кои имаат сличен бизнис модел, преенсува informacija.rs.

Рекламниот бизнис на Мета доби удар кога Apple ги промени поставките за приватност за да им овозможи на корисниците лесно да го спречат следењето од трета страна, принудувајќи ги развивачите на апликации да бараат дозвола за следење на корисниците. Се покажа дека кога на луѓето им се нуди избор, тие имаат тенденција да кажат не. Мета за ова негодуваше, а подоцна објави дека изгубила 10 милијарди долари благодарение на одлуката на Apple.

На Мета платформите како Фејсбук и Инстаграм, корисниците веќе можеа да се откажат од следење за веб-локациите што ги посетуваа, но со приклучување на платформите тие ќе се согласат дека Мета може да ги следи нивните кликови  во рамките на Мета платформата. Тоа би се променило доколку DPC се согласи со комитетот на ЕУ, што дополнително ќе го намали пристапот на Мета до податоците за активноста на корисниците на сопствените мрежи, а Мета веќе има проблем со огласувачите да ја изгубат довербата во способноста на компанијата ефикасно да ги насочува корисниците со реклами.

Многу компании, апликации и веб-сајти живеат од собирање податоци и насочени реклами. Ако не можат да ги користат вашите податоци, може да ви прикажуваат контекстуални реклами, кои се засноваат на содржината што ја гледате. Но, таа реклама е поевтина од онаа што е прилагодена на личните податоци на корисникот, а со тоа и помалку профитабилна за компанијата која ги продава рекламите.

Одлуката на ЕУ ќе има драматично влијание врз приходите на Мета во Европа, според аналитичарите, кои очекуваат компанијата да се бори да го одбрани својот рекламен бизнис. Може да поминат месеци, ако не и години, пред да се почувствува влијанието на оваа одлука, бидејќи Мета најверојатно ќе ја обжали, што би можело да дозволи статус кво за времетраењето на процесот.

Веста за одлуката на европските регулатори веќе предизвика пад на акциите на компанијата за 6,79%.

Портпаролот на Мета рече дека одлуката на набљудувачот на ЕУ „не е конечна одлука и дека е премногу рано да се шпекулира“, додавајќи дека компанијата целосно соработува со DPC во нивните истраги и ќе продолжи да соработува со нив додека ја финализираат својата одлука.

Фото: Шутерсток

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk