logo
logo
logo

Фактор: Државата формира ново претпријатие „Северна Македонија Гас“

Vecer | 10.08.2022

Фактор: Државата формира ново претпријатие „Северна Македонија Гас“

Со вчерашната објава на спогодбата за спојување на двете акционерски друштва во државна сопственост - АД Национални енергетски ресурси и АД ГА-МА Скопје, дојде до формирање на единствена национална компанија за гасификација на земјата - „Номагас“, име што произлегло од идејата за широкиот поим North Macedonia Gas, или Северна Македонија Гас.

Постапката започнала на крајот на јуни, а како што дознава „Фактор“, новоформираното акционерско друштво треба да започне реално да функционира до крајот на годината откако ќе се договорат двете претпријатија за систематизацијата.

За директор треба да биде поставен актуелниот раководител на АД НЕР, Бајрам Реџепи. Треба да се усогласат и платите на вработените во АД НЕР, кои се потпросечни и многу помали од оние кои ги добиваат во АД ГА-МА. Двете друштва заедно имаат околу 80 вработени.

Спојувањето беше услов новоформираното „Номагас“ да добие кредит од 28,9 милиони евра од Европската инвестициска банка за изградба на Интерконекторот за гас од Грција, со кој ќе се овозможи земјава да се снабдува од повеќе различни извори со овој исклучително значаен енергенс. За заемот веќе гарантира државата со посебен закон. Проектот Интерконектор за пренос на природен гас Грција - Северна Македонија е од стратешко значење за нашата држава. АД НЕР и ДЕСФА Атина веќе потпишаа Договор за соработка, со кој двете страни се обврзаа навремено да го изградат Интерконекторот, секој на територијата на својата држава.

Повеќе можете да прочитате на Фактор.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk