logo
logo
logo

Еве КОЈ ЌЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА од 1 октомври

Vecer | 08.06.2021

Еве КОЈ ЌЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА од 1 октомври

Со измените на законите за работни односи и за трговски друштва се предвидува недела да стане неработен ден од 1 октомври. Сепак постојат дејности кои се исклучоци и кои не можат да го прекинат работниот процес.

Во делот на трговијата во недела ќе може да работат специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи, апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност.

Ќе можат да работат и продавниците на бензинските станици, киосците и штандовите во трговските центри кои ќе работат само во една смена од 10 до 18 часот, штандовите и киосците каде се продаваат добра за време на спортски настани, фестивали, манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографските дела.

Ќе работат и продавници во трговијата на мало за храна, пијалаци и тутун во кои трговијата ја врши лично само сопственикот на продавницата, како и зелените пазари.

Како што соопшти министерот Бектеши со предлогот е предвидено додатокот на плата за работа во недела и празници да изнесува најмалку 100 проценти за секој час на работа во недела и празници

Работниците кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната дневница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

За трговските субјекти кои ќе работат во недела и на празници е утврден надоместок во висина од 2 отсто од вкупниот приход остварен претходната година во недела и за празници. Тие средства ќе се инвестираат во детски градинки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk