Еве кои држави имаат најмногу злато во резервите

Ако ги рангираме топ 10 најдобрите централни банки во светот нема да забележиме голема промена од година во година. Но, тоа што ќе го забележиме како промена е големината на нивните резерви. Сепак, ниту една држава не може да го надмине САД.

Шест години по ред пак Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, претекнувајќи ја Кина, која е на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Земјите со најголеми резерви на злато во првите месеци од 2018 година:

1. САД – 8.133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;

2. Германија – 3.371 тони / 70,6% од резервите на земјата;

3. Италија – 2.451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;

4. Франција – 2.436 тони / 63,9% од резервите на земјата;

5. Русија – 1.909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата;

6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;

7. Швајцарија – 1.040 тони / 5,3% од резервите на земјата;

8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;

9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;

10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;

Поврзани

Најнови вести

Коментари