logo
logo
logo

Еве како Ковачевски лаже дека ни ја субвенционира цената на струјата!

Vecer | 28.09.2022

Еве како Ковачевски лаже дека ни ја субвенционира цената на струјата!

Еве како Ковачевски лаже дека ни ја субвенционира цената на струјата!,објаснува на социјалните мрежи главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев. Во продолжение неговиот став:
-Ковачевски вели дека владата ја субвенционирала струјата на граѓаните со тоа што струјата која ја произведува ЕСМ ни ја продавале по цена 5 пати поевтина од онаа на светските берзи. Па дури арогантно прашува новинари, дали тие плаќале струја? Вака Таче, струјата произведена од ЕСМ е произведена од наши електрани, кои се градени со пари на нашите предци, таа струја се произведува со јаглен кој ние го плаќаме со наши пари!!! За вие да крадете и го преплаќаме, со наши пари!!! Се произведува и од хидроцентрали кои се полнат со наши води и се одржуваат со наши пари! Како бре дечко ти нешто субвенционираш кога тоа нешто е наше? Кого ти овде правиш будала? Знаеш, меѓу нас има луѓе кои реално студирале и студираат на еминентни странски универзитети (за разлика од тебе), има луѓе кои прочитале по некоја книга... Зарем мислиш дека ние сме будали да ти поверуваме дека ти нешто овде субвенционираш? Прво самите си дадовте право да ја продавате струјата на ЕСМ на берза, пред да дојде СДСМ на власт, ЕСМ не смееше да ја продава струјата на слободен пазар, за сега да ни велите дека тоа што не ја продавате е некаква субвенција?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk