ЕУ треба да биде загрижена поради „Хуавеј“, смета европскиот комесар за технологија

Европската унија треба да биде загрижена за „Хуавеј“ и други кинески компании поради ризикот кој тие го претставуваат за индустријата и безбедносна во европскиот блок, изјави денеска европскиот комесар за технологија, Андрус Ансип.

„Треба да бидеме загрижени за овие компании“, рече Ансип на прес-конференција во Брисел, само неколку дена по апсењето на висока функционерка на „Хуавеј“ во Канада, во рамки на истрага за наводни банкарски измами.

Компанијата „Хуавеј“ која минатата година генерираше приходи во висина од 93 милијарди долари, се наоѓа под истрага во повеќе западни земји поради своите врски со кинеската влада, што како што наведува „Ројтерс“, предизвикува грижа дека официјалн Пекинг може да ја користи за шпионажа.

Ансип смета дека кинеските технолошки компании се должни да соработуваат со кинеските разузнавачки служби и исто така, рече дека овие компании произведуваат чипови, кои може да се искористат за доаѓање до тајни податоци.

„Како што е нормално, обичните луѓе треба да бидат исплашени“, изјави тој.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари