logo
logo
logo

ЕУ не можат да се договорат за ограничување на цената на руската нафта

Vecer | 29.11.2022

ЕУ не можат да се договорат за ограничување на цената на руската нафта

Владите на Европската унија вчера не успеаја да се договорат за ограничување на цената на руската сирова нафта, бидејќи Полска инсистираше на границата да биде пониска од онаа што ја предложија земјите од Групата Г7, и на тој начин да се намали способноста на Москва да ја финансира војната врз Украина.

„Нема договор. Текстот на законот е усогласен, но Полска се уште не може да се согласи со цената”, изјави неименуван дипломат.

Се уште не е одреден нов датум за разговорите, иако механизмот за ограничување на цената треба да стапи на сила на 5 декември.

Доколку до следниот понеделник нема договор за идејата за ограничување на цената, ЕУ ќе ги примени построгите мерки договорени на крајот на мај – забрана за увоз на руска сирова нафта од 5 декември и нафтени деривати од 5 февруари, изјавија полски дипломати.

Унгарија и две други централноевропски земји без излез на море обезбедија нивно изземање од одлуката.

Државите од Групата Г7 предложија ограничувањето на цената да биде меѓу 65 до 70 долари за барел, но Полска и некои други велат дека тоа нема да и наштети на Москва бидејќи руската нафта веќе се тргува под тој опсег со 63,50 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk