ЕУ: Кина, Русија и САД да не почнуваат трговски војни

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ги повика Пекинг, Кина, Русија и САД да не почнуваат трговски војни и ги повика трите земји да извршат реформи во Светската трговска организација.

– Се уште има време да се избегне конфликт и хаос, рече Туск на прес-конференција со кинескиот премиер Ли Кечијанг. Тој потсети дека во минатото, трговските војни често пати ескалирале до отворени конфликти.

Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер се во Пекинг за годишниот самит ЕУ-Кина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари