logo
logo
logo

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ ПАТУВАЊА ЗА МЛАДИ - Може да се аплицираат и Македонци - ЕВЕ КАКО

Vecer | 20.03.2023

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ ПАТУВАЊА ЗА МЛАДИ - Може да се аплицираат и Македонци - ЕВЕ КАКО

ЕУ дели бесплатни железнички билето за патување за младите. Европската комисија најави нова рунда од програмата Discover EU, во која ќе бидат поделени 35.000 билети на младите Европејци, вклучително и граѓаните на Македонија, за бесплатно патување низ континентот, објави Комисијата во четвртокот.

Билетите важат до 30 септември 2024 година.

Граѓаните на Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн,  Македонија, Норвешка, Србија и Турција можат да аплицираат за 30-дневни Interrail билети кои ќе важат од 15 јуни оваа година до 30 септември следната година. Условите ги има наведено тука.

Програмата Discover EU започна во 2018 година на иницијатива на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер (Шпер) со идеја сите граѓани на ЕУ да добијат Interrail билет и можност да го запознаат својот континент на нивниот 18-ти роденден.

Според податоците на Комисијата, досега за вкупно 212.700 билети се пријавиле околу 916.000 млади луѓе.

Адресата на порталот за апликации на македонски јазик можете да ја најдете овде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk