logo
logo
logo

ЕСМ од утре ќе управува со топлинската енергија во Скопје

Vecer | 20.01.2022

ЕСМ од утре ќе управува со топлинската енергија во Скопје

Владата чека ЕСМ да го достави предлог договор за тоа како ќе ја менаџира кризната состојба со топлинската енергија. Државните електрани утре и официјално го преземаат управувањето на БЕГ и Скопје Север. Денеска на владина седница ќе биде одобрен и договорот, кој според Бектеши ЕСМ треба јавно да го објави. Засега се знае само дека според договореното, граѓаните ќе имаат парно од 5 часот наутро, до 1 часот по полноќ. Од денот кога ЕСМ ќе го преземе работењето на снабдувачите, државата ќе ги покрива сите тршоци за набавка на гас. Колку пари ќе бидат вбризгани, Бектеши не откри. Посочи само дека пресметките се прават врз база на берзанските цени. Во меѓувреме не престануваат препукувањата за проблемите со топлинската енергија помеѓу Град Скопје и централната власт. Од СДСМ велат дека владата го решила проблемот со греењето и покрај тоа што градот и општините ги игнорирале потребите на скопјани. Од Град Скопје пак тврдат дека тие не се доволно финансиски моќни. Потешкотиите на снабдувачите со топлинска енергија се појавија по Нова Година, кога се пожалија дека не можат да го издржат поскапувањето на гасот и побараа помош од државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk