logo
logo
logo

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

Vecer | 21.01.2022

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

Владата на Република Северна Македонија на денешната 5-та седница, врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, го одобри Договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД - Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД - Скопје, како и со наменската сметка којашто топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.

Договорот за реализација на деловно техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје.

Владата денеска донесе и Одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север АД - Скопје и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД - Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk