logo
logo
logo

ЕСМ ги изработува фактурите за парно за октомври

Vecer | 29.11.2022

ЕСМ ги изработува фактурите за парно за октомври

ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“. „ЕСМ- Снабдување со топлина“ во законска постапка ја презеде целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје. Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга во согласност со Законот за енергетиката, како и одлуката за давање лиценца за вршење дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото „ЕСМ – Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување континуитет, односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес. „ЕСМ – Снабдување со топлина“ во иднина ќе биде контролор на личните податоци на потрошувачите и ќе ги обработува во согласност со важечките законски прописи и Законот за заштита на личните податоци за што потрошувачите на топлинска енергија – субјектите на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на личните податоци во однос на обработката на нивните лични податоци – велат од компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk