logo
logo
logo

Ердоган нареди итна изградба на 1.000 нови пазари низ целата земја

Vecer | 05.10.2021

Ердоган нареди итна изградба на 1.000 нови пазари низ целата земја

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им нареди на земјоделските задруги да отворат 1.000 нови пазари низ целата земја. Тој нагласи дека изградбата на истите ќе започне брзо и дека секој пазар ќе има најмалку големина од околу 500 квадратни метри.

Тоа е доста простор за нови пазари низ цела Турција, што се крие зад тој план?

Имено, Ердоган планира на овој начин, како што и самиот посочува, да обезбеди „разумна цена“ на храна за купувачите во време кога земјата се соочува со годишна инфлација од дури 20%.

Целта на овој план е да понуди „ефтина и квалитетна стока на пазарите со цел да се балансираат пазарите“, нагласи Ердоган.

За него, ова е важен потег бидејќи, покрај тоа што турското население страда од висока инфлација, неговиот рејтинг во последно време опаѓа, очекувано.

Тој, од друга страна, покажува со прст кон синџирите на супермаркети, посочувајќи дека тие намерно ги преувеличуваат цените на производите и со тоа ја искористуваат моменталната ситуација во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk