„Епл“: Нашите производи ќе поскапат со воведувањето на царината за Кина

Највредната американска и најбогатата светска компанија „Епл“ соопшти дека би можела да има проблеми поради воведувањето на царина на производите од Кина, кои пред сè би се рефлектирале во повисоки цени на нејзините производи на пазарот во САД.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, континуирано се бори за враќање на производството на американско толо и се обидува да ги принуди компаниите да вработуваат Американци со воведување на царините за увоз од Кина.

Откако оваа недела администрацијата на Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 отсто на производите од Кина, реагираа од компанијата „Епл“.

Од таму им пишаа отворено писмо на властите во САД во кое се наведува дека новите царини на крајот ќе ги платат американските граѓани и дека тие најмногу ќе влијаат на домашните цени на поголемиот број од производите на „Епл“ кои доаѓаат од Кина. Компанијата ќе ги зголеми цените и на разни други компоненти и додатоци кои ги користат во своите американски погони. Во писмото се наведува дека од компанијата зависат работите на околу 2 милиони Американци. Од „Епл“ сметаат дека зголемувањето на цените на производите од Кина ќе ја направи нивната компанијата помалку конкурентна на домашниот и на странскиот пазар.

Реагирајќи на писмото, Трамп наведе дека „Епл“ треба само да почне да гради фабрики во САД наместо во Кина и во САД да го премести целото производство. На тој начин, како што рекол, би имале нулта стапка на царина, па дури и даночни олеснувања.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари