logo
logo
logo

Енергетската криза менува се: САД се подготвени да ја зголемат потрошувачката на јаглен - за прв пат по 10 години?

Vecer | 09.10.2021

Енергетската криза менува се: САД се подготвени да ја зголемат потрошувачката на јаглен - за прв пат по 10 години?

Енергетската криза, претстојната зима и ослободувањето на „акумулираната побарувачка за пандемијата“ ...

Ова се работите што ги натераа земјите да се обидат да „акумулираат“ фосилни горива, што е потег што најавува скок на глобалните емисии на јаглерод диоксид оваа година.

Ова претставува нова закана за целта на Парискиот договор за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови. Кина, Индија и другите економии во развој ја зголемуваат побарувачката за јаглен, но дури и САД се подготвени да ја зголемат потрошувачката на највалканото фосилно гориво, за прв пат во речиси една деценија, според прогнозите на Меѓународната агенција за енергија.

Светските емисии на јаглерод диоксид достигнаа врв пред почетокот на пандемијата од „Ковид -19“, а потоа во текот на 2020 година, беше регистриран најголемиот годишен пад на емисиите од 1965 година, според податоците. Испуштањето на стакленички гасови оваа година до август беше само за еден процент помалку отколку во истиот период во 2019 година, според податоците на Carbon Monitor, група која ги следи емисиите, пишува Блумберг.

Енергетската криза е концентрирана во секторот за производство на електрична енергија. Недостатокот на природен гас и електрична енергија е особено сериозен во Кина и Обединетото Кралство. Емисиите од производителите на електрична енергија веќе се зголемија за 2,2 проценти на глобално ниво во периодот од јануари до август во споредба со истиот период во 2019 година, поттикнати од зголемувањето на Кина, Индија и Бразил, покажуваат податоците на „Карбон монитор“.

Но, на многу места, емисиите на јаглерод диоксид од повеќето главни извори се на пат да бидат пониски отколку во 2019 година, бидејќи фабриките на јаглен се затворија и повеќе сончева и ветерна енергија доаѓа во мрежата. Емисиите во Европската унија и Обединетото Кралство во текот на првите осум месеци од оваа година се намалени за 4,7 проценти во споредба со истиот период во 2019 година, според групацијата, која своите проценки ги темели на производство на електрична енергија, индустриска активност, копнен транспорт, домашни и меѓународната побарувачка за воздушен сообраќај и домување. Во САД тие паднаа за 3,5 проценти.

„Загрижен сум поради зголемената погрешна перцепција дека сегашната енергетска криза е предизвикана од обновливи извори на енергија, како и политиките што фаворизираат обновливи извори“, рече аналитичарот на BloombergNEF, Али Изади.

„Рационален одговор на повисоките цени на фосилните горива, како и повисоките емисии на гасови, би бил да се забрза транзицијата кон обновливи извори“, заклучува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk