ВО ПРЕСРЕТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА

ЕЛЕМ ќе распише повик за набавка на 29,7 гигават часови електрична енергија

ЕЛЕМ во текот на денов ќе распише повик, а во вторник на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават часови електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи), информираат од компанијата.

 АД ЕЛЕМ во текот на денов ќе распише повик, а во вторник на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават часови електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи), информираат од компанијата.

- Количината на електрична енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката на електрична енергија поради грејната сезона. Производството на АД ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК „Битола" се уште ќе биде во ремонт, во РЕК „Осломеј" се уште траат подготвителните активности за почеток на производството и за дополнителен ископ најаглен кој досега не бил обезбеден, додека хидроелектраните не располагаат со доволно акумулации за потребите на производството во зимскиот период, соопшти АД ЕЛЕМ.

Прецизираат дека дополнителното количество електрична енергија потребно за ноември се набавува еден месец порано со цел со навремениот повик до фирмите увозници да се обезбеди подобра конкуренција и пониска цена.

- За увоз на електрична енергија за втората половина од годинава претходното раководство на компанијата предвидело осум милиони евра, сума која сегашното раководство планира да ја намали преку планско и навремено купување на потребните дополнителни количини по најповолни цени во следните два месеца, колку што АД ЕЛЕМ има обврска да купува електрична енергија при недоволно домашно производство. Од 1 јануари оваа обврска повторно ќе ја преземе АД ЕВН, бидејќи резултатите од оваа година покажуваат дека новопреземената обврска на АД ЕЛЕМ за купување електрична енергија не го намали увозот и цените, туку напротив, ги зголеми во споредба со годините наназад кога увозот го вршеше АД ЕВН, односно од 44,6 евра по мегават час просечна цена за увоз во 2016 година, годинава просечната цена е зголемена на 74,1 евра помегават час, посочуваат од АД ЕЛЕМ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари