МЕПСО

Електрификација на три села во општина Конче

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) донираше 150.000 евра за електрификација на селата Долни Радеш, Долна Враштица и Горна Враштица во општина Конче. Со симболично вклучување на далноводот, директорот на АД МЕПСО, Синиша Спасов го означи почетокот на електрификацијата на трите села, но и на 100 викенд-куќи покрај езерото Мантово.
Спасов рече дека донацијата е обезбедена во рамките на платформата за општествено одговорни политики на МЕПСО, а со средствата во висина од 9,2 милиони денари изграден е далновод и електроенергетска мрежа.
- Верувам дека во иднина кога ќе дојдеме на ова место ќе најдеме поголема благосостојба, посилна економија, сточарство и селски туризам - рече Спасов.
Тој истакна дека електрификацијата на трите села и 100-те викенд-куќи покрај езерото Мантово е на иницијатива на Владата. Проектот е почнат во септември 2011 година, а е реализиран годинава.
Градоначалникот на општина Конче, Благој Јованов истакна дека со електрификацијата на викенд-куќите покрај езерото Мантово се зголемува и интересот за нови инвестиции, а општината веќе продала и градежна парцела за изградба на хотел.

Поврзани

Најнови вести

Коментари