logo
logo
logo

Ексшефицата на сметководството во ФФМ по добиен отказ нелегално влегувала во системот за да прикрие проневера на пари

Vecer | 19.02.2021

Ексшефицата на сметководството во ФФМ по добиен отказ нелегално влегувала во системот за да прикрие проневера на пари

Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе извештај за сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, од страна на О.М., во својство на поранешна раководителка на Одделението за финансии и сметководство во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Како што информираат од финансиската полиција, О.М, откако била отстранета од работното место во ФФМ, во периодот од 13 до 28 октомври 2019 година во повеќе наврати неовластено пристапувала до програмата за сметководство на ФФМ, преку апликацијата „Team Viewer“.

Станува збор за апликација која и овозможила во системот да влезе од нејзинот личен компјутер, надвор од просториите на ФФМ, при што истата вршела измени – прекнижување, докнижување и бришење на ставки во евиденцијата на ФФМ, а се со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела кои и се ставаат на товар.

Финансиската полиција минатата година поднесе кривични пријави против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, поранешната сметководителка на федерацијата, Олгица Младеновска и уште други девет физички и единаесет правни лица за проневера на 2,4 милиони евра (146.770.172 денари).

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk