logo
logo
logo

ЕКСПЛОЗИВЕН РАСТ НА ЦЕНАТА ВО ЕВРОПА: Русија го исклучува главниот гасовод додека не се укинат санкциите

Vecer | 05.09.2022

ЕКСПЛОЗИВЕН РАСТ НА ЦЕНАТА ВО ЕВРОПА: Русија го исклучува главниот гасовод додека не се укинат санкциите

Привремениот прекин на испораката на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 ја катапултира цената на европскиот гас. Кремљ го обвини Западот за затворањето на славината за гас за Германија.

Цената на гасот денеска претпладне порасна скоковито – холандскиот природен гас е поскап за околу 72,5 евра и се продава по 281 евро за мегават час, што е зголемување од 35 проценти во однос на нивото од петокот.

Решавачко за наглиот ценовен раст на гасот на почетокот на неделава беше тоа што  Русија повторно ја стопира испораката  преку  гасоводот Северен тек 1  на неодредено време.

-Русија нема да продолжи со испораките на гас за Европа додека не се укинат западните санкции, предупреди Кремљ.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, го обвини „колективниот Запад“ за неговата одлука да ги затвори тековите низ клучниот гасовод Северен тек.

Тој за новинската агенција Интерфакс изјави:

„Проблемите со пумпање гас настанаа поради санкциите што западните земји ги воведоа против нашата земја и неколку компании.

„Нема други причини кои би можеле да го предизвикаат овој проблем со пумпањето“.

Одлуката на „Газпром“ доцна во петокот да не го врати во употреба гасоводот „Северен тек“ по тридневно одржување, предизвика нагло зголемување на цените на гасот и ги натера земјите од ЕУ да се обидуваат да преземат итни мерки.

Концернот Газпром  како причина наведе технички проблеми, но се претпоставува дека намерата на Русија е да го стави Западот под притисок во украинскиот конфликт.

Цената на гасот  во измината недела забележа виден пад, за што придонесе информацијата дека европските резервоари на плин се полнат со поголема брзина од очекувањата. Но, земено во целина, гасот константно поскапува последните месеци – на крајот на ланската година мегават час од гас чинеше помалку од 100 евра.

Зависноста на Европа и на Германија од рускиот гас е голема, иако од почетокот на војната во Украина се прават огромни напори за нејзино намалување.

Прекинот на испораката на гас од страна на Газпром преку Северен тек 1, започнат во средата минатата недела, беше образложен со редовно сервисирање на една компресорска станица, и требаше да трае до саботата.

Во петокот вечерта меѓутоа концернот соопшти за протекување на гас од една турбина. Притоа, сѐуште не е завршен спорот ни околу турбината која Сименс ја имаше претходно испратено на сервисирање во Канада и сега се наоѓа во Германија. И за нејзиното враќање Москва ги обвинува санкциите на Западот, додека Германија аргументира дека Русија го блокира нејзиното преземање.

Фото: Илустрација

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk