logo
logo
logo

ЕКСПЕРТИТЕ советуваат: Надуениот балон со цените за станови во Скопје почнува да пука и цените ќе одат надолу!

Vecer | 16.07.2021

ЕКСПЕРТИТЕ советуваат: Надуениот балон со цените за станови во Скопје почнува да пука и цените ќе одат надолу!

Големиот број на огласи во кои се пречкртува една повисока и се става пониска цена на чинење на м2 на становите во Скопје се само најава за трендот на намалување на вештачки високите цени на станови за продажба на кои сведочиме периодов, пишува Маркетинг365.мк

Празните станови кои зјаат во старите или новоизградените згради веќе губат од својата вредност како што изминува времето и веројатно само прашање на време е кога цените кои достигнаа нивоа од 1,200+ евра за метар квадратен, ќе се стабилизираат и ќе почнат да одат надолу.

Експертите кои Маркетинг365.мк ги консултирале од Агенциите кои го следат трендот ни кажаа дека растот на цените периодов не е воден од економската логика на понуда и побарувачка, туку од порастот на цените на дел од материјалите кои се користат за градба. Со оглед на тоа што светскиот пазар на основните материјали за градба пополека почнува да се стабилизира, се очекува дека и цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните.

“Еден нов или реновиран просечен стан со две спални од 65 метри квадратни со сегашните цени се проценува на околу 80,000 евра. Ако се земе предвид дека повеќето од домаќинствата тој стан ќе го купуваат на кредит, во просек на отплата од 20 до 30 години, вкупниот трошок ќе им испадне некоја неверојатна сума од речиси 100,000 евра. Плус на тоа треба да се додадат средствата што ќе се потрошат за уредување. Така што оваа опција е целосно неповолна ако се знае дека ист таков уреден стан може да се изнајмува за цена од 250 до 300 евра” – велат соговорници за Маркетинг365.мк.

Тие во изјава за нив и дополнуваат дека со овие цени за купување и изнајмување Вие можете да изнајмите стан за наредните 30 години и секогаш кога ќе посакате да можете да го менувате без да ги почуствувате негативните ефекти на амортизирање што би ги имале доколку го купите на долгорочен кредит.

Дека овие зборови се вистина секој може да се увери со мала вечерна прошетка околу дел од новите згради низ Скопје. Иако формално “купени”, повеќето станови зјаат празни, неосветлени и со месеци невселени. Во актуелната понуда на најпопуларните сајтови за огласување како што се Пазар3 и Реклама5, можат да се видат на продажба (и постојано намалување на цената) и станови за згради кои претходно објавиле дека се “распродадени”, веројатно од компании и поединци кои учествувале на некој начин во градбата, ги добиле на компензација и сега бараат начин за поврат на парите.

Крајниот совет е дека кога се купува стан не треба да се брза. Во Скопје постојано се гради и многу станови остануваат непродадени.

“Почекајте да се стабилизира пазарот, да се намалат цените и купувањето да има реална економска логика” – заклучуваат експертите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk