logo
logo
logo

Порше ИСПАДНА ОД ЕЛИТАТА

Vecer | 06.09.2025

Порше ИСПАДНА ОД ЕЛИТАТА

Германскиот производител на автомобили „Порше“ се откажува од елитниот берзански индекс DAX.

Акциите на компанијата „Порше“ ќе бидат исклучени од пресметката на главниот германски индекс DAX, кој ги вклучува 40-те најголеми германски компании според пазарната капитализација.

Вредноста на „Порше“, која е во сопственост на „Фолксваген“, падна за речиси 50 проценти од излегувањето на берзата во септември 2022 година, објави „Виршафтсвое“.

Оваа промена стапува на сила на 22 септември, кога „Порше“ се спушта на понизок ранг и станува дел од индексот MDAX.

Во првата половина од 2025 година, компанијата забележа нето добивка од 718 милиони евра, што претставува пад од 71 процент во споредба со минатата година.

Само во вториот квартал од 2025 година, оперативната добивка на компанијата од автомобилскиот бизнис, без финансиските услуги, се намали за речиси 91 процент, објавија медиумите.

„Порше“ моментално е во процес на реструктуирање поради слабата побарувачка во Кина, бавниот премин кон електрични возила и високите американски царини, што ја принуди компанијата да ја намали својата годишна прогноза за профитабилност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk